Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сенатот на САД го ратификува членството на Македонија во НАТО

Сенатот на САД го ратификува членството на Македонија во НАТО

Сенатот на САД го ратификува членството на Македонија во НАТО откако го усвои протоколот во Вашингтон.

Резултатите од гласањето покажуваат дека „ЗА“ гласале 84, а само двајца сенатори, еден од Јута и еден од Кентаки, се изјасниле негативно, додека не гласале 14 сенатори.

Минатата недела националните парламенти на Италија и на Велика Британија го ратификуваа Протоколот за зачленување на РС Македонија во НАТО.

Според ова, за да заврши целата процедура Македонија конечно да стане рамноправна членка на НАТО, останува уште 5 земји да го ратификуваат овој протокол.

Македонија може да стане 30 членка на НАТО само ако сите 29 земји членки дадат зелено светло преку своите национални парламенти, што е извесно.



Слично

Поврзани вести