Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Семос“ прв ќе ги поправа штетите на Рашковски и „Инвока гроуп“

„Семос“ прв ќе ги поправа штетите на Рашковски и „Инвока гроуп“

„Семос“ го доби итниот тендер без објава на оглас за администрирање и хостирање на софтвер за полагање на практичниот дел од приемен испит на Академијата за судии и јавни обвинители. Со тоа Владата започнува да постигнува договори со компании за електронското спроведување на државните испити по скандалозните јавни навацки на „Инвока груп“ и поранешниот владин генерален секретар Драги Рашковски. 

Итниот договор ќе чини 15.000 евра а рокот важи само за спроведување на преостанатиот практичен дел од приемниот испит со рок од 15 дена. Одобрување за постигнување на овој договор во четири очи дало и Бирото за јавни набавки.

Владата претходно го раскина Договорот за одржување на софтвер за полагање испити на државните институции склучен со друштвото „Инвока гроуп“ и најави распишување на нови огласи до завршување на редовната постапка за јавна набавка.

-Генералниот секретар на Владата согласно Законот за јавни набавки ќе треба да побара од Бирото за јавни набавки согласност за спроведување на постапка со преговарање без јавен оглас и да склучи договор со оператор со времетраење до завршување на редовната постапка за јавна набавка и склучување на нов договор за набавка на услуги – одржување на софтвер за полагање испити на државните институции – рече претходно владиниот портпарол Душко Арсовски.

„Инвока груп“ која е вмешана во процесот кој се води против поранешниот генерален секретар на Владата  Драги Рашковски досега го одржуваше  софтвер за полагање испити на: Министерство за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за економија, Министерството за  транспорт и врски, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за животна средина и просторно планирање, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Царинска управа, Агенција за катастар на недвижности, Инспекциски совет и Академија за судии и јавни обвинители.

Договорот за одржување на софтвер за полагање испити на државните институции со „Инвока гроуп“, беше потпишан на 11.8.2020 година. Сопственикот на фирмата „Инвока“ Даниел Станчевски е второобвинет во случајот за набавка на  сообраќаен софтвер заедно со поранешниот генерален секретар на Владата.

А.К.

Слично

Поврзани вести