Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејството со бебе е на безбедно, Османи даде детали за македонските граѓани кои се извлекуваат од Украина

Семејството со бебе е на безбедно, Османи даде детали за македонските граѓани кои се извлекуваат од Украина

Како што соопшти шефот на дипломатијата, Бујар Османи, македонското семејство со новороденче кое беше заглавено во Харков е извлечено од градот и е на безбедно. Сепак ова семејство го чека долг пат за излез од Украина и ќе треба да помине низ безбедни коридори. 

Македонските власти се во постојана комуникација и очекуваат семејството денеска да ја напушти земјата.

Османи вели дека продолжува соработката со партнерските земји да ги извлечат и останатите Македонци од Украина.

„Денеска уште едно семејство од Запорожје преку воз излегува од Украина и двајца поединци исто така од нашите граѓани од Киев со кола се приклучени на еден конвој, додека останатите 15 монитори од специјалната мисија денеска исто така ја напуштија Украина. Така што, во моментот имаме само еден од вкупно 30-те монитори во рамки на специјалната мисија којшто е останат во Украина“, рече тој. 

Другите граѓани, ги контактирале вчера, затоа што денеска обезбедиле еден коридор. Проблем е што дел од нив не можеле да стигнат до местото од каде што тргнувал коридорот, од различни причини. Некои поради безбедносни причини, друг дел пак немале гориво за да можат да се движат низ коридорот.  Откако Русија ја почна  инвазијата во Украина, на 24 минатиот месец, дел од македонските граѓани преку македонската амбасада или со помош на бугарската амбасада заминаа од земјата. 

Слично

Поврзани вести