Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејството Проески дало дозвола да се преименува Националната арена

Семејството Проески дало дозвола да се преименува Националната арена

Преименувањето на Националната арена „Филип Втори" во „Тоше Проески" е направено со дозвола и заедничко усогласување со семејството на прерано починатата поп-икона, истакна денеска Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата.

- Зад предлогот нема никаква политичка или популистичка интенција како што, за жал, очигледно се создала навика во државата, изјави владиниот гласноговорник.

Аргументот за преименувањето на стадионот, кој порано го носеше популарното име „Градски“ е дека Проески одржа неколку масовни концерти на истиот.

Негативните реакции на социјалните мрежи следуваа поради тоа што вообичаено е стадионите да носат имиња на фудбалски легенди или да бидат именувани според местото каде што припаѓаат.

Како што објави владиниот портпарол по седницата, Владата донела одлука за преименување на стадионот во национална арена „Тоше Проески" во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја.



Слично

Поврзани вести