Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕМЕЈСТВОТО ПЕЦОВСКИ ЈА ЗАСИЛУВА ПОЗИЦИЈАТА ВО „РЕПЛЕК“ - еве кој друг купи акции од компанијата

СЕМЕЈСТВОТО ПЕЦОВСКИ ЈА ЗАСИЛУВА ПОЗИЦИЈАТА ВО „РЕПЛЕК“ - еве кој друг купи акции од компанијата

Сопствениците и членовите на органите на управување на „Реплек“ купуваат акции од компанијата со која раководат. На Македонска берза беше објавена нова инфорамција за промени во компанијата, осносно за нова купопродажба на акции издадени од „Реплек“. 

Како што е посочено во соопштението, Владимир Пецовски, еден од поголемите акционери на скопската фармацевтска компанија се стакна со нови 40 акции. 

Тој е брат на генералнито директор на „Реплек“, Душан Пецовски, а со новите 40 акции, Владимир сега поседува 16.500 или 6,37 проценти од почетниот капитал. 

Со нови акции се стекна и Коста Котески – заменик генерален директор, кој купил 10 акции и сега поседува вкупно 390 обични акции.  

За оваа промена од „Реплек“ информираа преку ценовно чувствителната информација објавена на Македонска берза:  „Акционер со над 5 отсто Пецовски Владимир се стекна со 40 нови акции, со што поседува вкупно 16.500 или 6,37 проценти од вкупниот број на акции“.

На овој начин и двајцата повремено ја манифестираат довербата во стабилноста и перспективноста на „Реплек“. 

Слично

Поврзани вести