Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕМЕЈСТВОТО НА МИЈАЛКОВ ДЕЦИДНО - не сме во никакво сродство со приведениот дипломат Миленковски

СЕМЕЈСТВОТО НА МИЈАЛКОВ ДЕЦИДНО - не сме во никакво сродство со приведениот дипломат Миленковски

Настанот со приведениот македонски дипломат на Косово не престанува да ја бранува јавноста.

Како што е познато, Коха објави дека станува збор за заменик-шефот на македонската мисија на ОБСЕ во Виена, 53-годишниот дипломат Миле Миленкоски. Порталот пишуваше дека тој бил баран со меѓународна потерница издадена од австриската полиција „за стар прекршок што датира од 2018 година, а кој по секоја веројатност вклучува високи безбедносни структури на Македонија“.

„Слободен печат“ пак објавиле дека уапсениот македонски дипломат во Србија Миле Миленкоски е во роднинска врска со Сашо Мијалков, поранешен шеф на тајната полиција во земјава. 

Но, по овој текст, семејството на Сашо Мијалков испратило демант.

„Најостро ги демантираме лагите објавени во “Слободен печат” дека приведениот македонски дипомат во Мисијата на ОБСЕ во Виена, Миле Миленковски наводно бил роднина на Сашо Мијалков.

Приведениот Младеновски не е во никакво сродство со семејството Мијалкови, ниту пак сме чуле за тој човек. Доколку Сашо Мијалков имал таков роднина сигурно некогаш ќе го споменел или ќе сме го виделе, но ниту некогаш го спомнал тој човек, ниту сме го виделе.

Изворите кои ги крие “Слободен печат” го измамиле новинарот и медиумот и ги довеле во заблуда надевајќи се дека информацијата ќе биде објавена непрофесионално, без да се провери нејзината точност.

Се сомневаме дека изворите имаат скриена намера да го тргнат вниманието од себе и сопствената одговорност, инволвирајќи го без никаков аргумент името на Сашо Мијалков“, се вели во демантот од семејството на Мијалков.

Слично

Поврзани вести