СЕМЕЈСТВОТО Е МНОГУ БЛАГОДАРНО: Директорката на болницата од Италија дојде во Штип да го види пациентот
Директорката на болницата од Парма дојде во Штип да го види опоравениот пациент.
Сузана Езпосито, директорката на Педијатриската клиника на Универзитетската болница во Парма, Италија, каде што се лекувал штипјанецот Симон Крстев, дојде во Штип да го посети Симон, на покана на неговите родители, објави на својот профил Сашо Клековски, директор на Фондот за здравство (ФЗО). Симон на 18 март, замина на лекување во Италија. Крстев во болницата во Парма беше примен со „хемиска пневмонија“ и со изгореници од втор степен. Симон добива сеопфатен третман и веќе на 1 април се враќа дома. Испратен е од персоналот на целиот оддел.
„Ѝ се заблогодарив на проф. д-р Сузана Езпосито за сѐ што е направено за Симон и ѝ порачав дека секогаш е добредојдена во Македонија!“, напиша вчера Клековски во својата објава на Фејсбук.
Во пожарот кој се случи на 16 март годинава во дискотека во Кочани загинаа 59 луѓе, а потоа бројот на жртви се искачи на 62, односно починаа тројца повредени кои се лекуваа во странство, двајца во Литванија и еден во Србија. Во пожарот имаше и 200 повредени.
