Семејството далеку од јавноста: Министерот Спасовски стана премиер
Оливер Спасовски, актуелниот премиер на техничката Влада е роден во Куманово во 1976 година. Спасовски подолги години и е познат на макеоднската јавност - во 2006 година прв пат е избран и за пратеник. Неговите партиски функции во СДСМ датираат од претходно. Спасовски е оженет и има две деца, но за разлика од некои други политичари тој никако не го експонира своето семејство во јавноста.
Во видеото со 30 прашања кое излезе вчера Спасовски објави некои детали за себе - но сепакне откри многу. Знае да зборува ромски, не сака виршли, омилен спортист му е Кирил Лазаров. Кумановци го сметаат за искрен политичар и за мирен човек. Му се забележуваше дека со доаѓањето на функцијата во МВР како министер се фокусирал да си обезбеди поубав возен парк.
Спасовски ја извршува функцијата министер за внатрешни работи во два кратки периода. На функција стапил на 2 септември 2016 година до 12 декември 2016. Претходно, во периодот од 11 ноември 2015 до 19 мај 2016 ја извршувал истата функција, по договорот од Пржино.

Спасовски повторно стапува на должност како министер за внатрешни работи на Македонија на 1 јуни 2017 година кога парламентарното мнозинство ја изгласа новата влада на чело со Зоран Заев.

Основно и средно училиште завршил во Куманово. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје, по што работел како адвокатски приправник, советник на градоначалникот на Куманово и секретар во општина Куманово. Во два мандата е избиран за пратеник, на изборите во 2006 и во 2011 година.
