Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејството Белчовски доби донација од милион денари по трансплантацијата на срцето на Верица

Семејството Белчовски доби донација од милион денари по трансплантацијата на срцето на Верица

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија, му донираа милион денари на семејството на трагично починатата Верица Белчовска, кое дозволи нејзиното срце и останати органи да бидат донирани.

„Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години“, објави семејството, по трансплантацијата на срцето и двата бубрези.

„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари“, се додава во информацијата проследена од сопствениците на компанијата.


Слично

Поврзани вести