Семејство се тепало на улица во Скопје
На улицата „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје вчера се случила тепачка меѓу татко, мајка и син, сите од Скопје.
Прво дошло до физичка пресметка меѓу Ф.С. (42), неговата сопруга А.С. (39) и нивниот син 17 годишен син. Според пријавеното, на местото на настанот се затекнал Д.М. (47) од Гостивар и тој се обидел да ги раздвои, по што Ф.С. и неговиот син физички го нападнале, информираат од полицијата.
Сите се приведени во полиција и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Слично
