Семејствата на загинатите во Ласкарци протестираат, осудените уште не се спроведени во затвор
Семејствата на жртвите од трагедијата со Думро Турс во Ласкарци протестираат, барајќи спроведување на одлуката на судот. Според нив, осудените сега слободно се движат во Гостивар и присуствуваат на свадби. Адвокатот на семејствата, Владимир Николовски, вели дека тие се ослободени од затвор со оправдување за влошување на здравствената состојба, но овие бенефиции што ги дава законот, според него, се злоупотребуваат.
Роднините на жртвите велат дека нивната болка е секојдневна, додека за нив е неприфатливо осудените за губење на животите на членовите на нивните семејства слободно да се движат,пренесува ТВ21.
Осудените се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо Турс“ и менаџерот за транспорт, Ремзи Мифтари, со по 10 години затвор, како и Јане Бабаровски, технички инспектор, со 5 години затвор.
Во меѓувреме, Горан Дуковски и Игор Ѓорѓиевски, технички инспектори, осудени на по 7 години затвор, како и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кој доби 14 години, Тие почнаа да ги издржуваат своите казни од 6 јуни.
Потсетуваме дека несреќата се случи на 13 февруари 2019 година на автопатот Скопје - Тетово кај селото Ласкарци, при што 16 лица го загубија животот, додека 38 други беа повредени.
