ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејствата на загинатите од Кочани до Мицкоски: Објавете ја целосната снимка, целиот разговор го снимавте

Семејствата на загинатите од Кочани до Мицкоски: Објавете ја целосната снимка, целиот разговор го снимавте

Семејствата на загинатите во Кочани бараат од премиерот Христијан Мицкоски да ја објави целосната снимка од состанокот во Владата на 7 јули 2025 година.

„Во име на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани, со ова јавно реагираме и категорично демантираме дека родителите шират невистини, како што беше изјавено во Вашата изјава на официјалната веб страна на Влада на РСМ. Во прилог на вистината, Ве потсетуваме дека на 07.07.2025 година (понеделник) во 17:00 часот, во Вашиот кабинет, се одржа официјален состанок помеѓу Вас и мнозинството од родителите на трагично загинатите деца. На истиот состанок целокупниот разговор беше целосно снимен од Ваша страна. Доколку навистина стоите зад своите зборови и верувате во транспарентноста и чесноста, Ве повикуваме слободно да ја објавите целосната видео-снимка од тој состанок, за јавноста самата да се увери во вистината“, стои во соопштението на Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани.

Претходно, тие преку соопштение изнесоа детали за тоа како течел состанокот, кој за нив бил понижувачки. Според соопштението, за едно од барањата, премиерот Мицкоски им рекол: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца.“

Владата пак, демантираше. Од таму рекоа: „Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ не само што не ја одразува вистинската дискусија и намера, туку е навредливо и се обидува да фрли сосема погрешно светло на намерите и постапките на Владата, определувајќи ги како длабоко нечовечни што е несоодветно и неточно“.
ad
Слично

Поврзани вести