Семејствата на убијците на Саздовски ќе протестирасат пред суд
Најблиските на убијците на младиот навивач Никола Саздовски и нивните поддржувачи ќе протестираат утре во 10.30 часот пред Основниот суд Скопје 1.
За утре е закажано следното рочиште за убиството на Саздовски со претепување со смртни последници на автобуска постројка во Автокоманда, а обвинети се Бесир Бела и Скендер Демири.
Роднините за Алмакос велат дека тоа ќе биде протест за правда.
- Бараме судот да биде ист за сите граѓани, а не за некои мајка за некои маќеа. Да се засноваат на факти и да не бидат под влијание на политички притисоци и да нема реванш против некои „граѓани кои припаѓаат на други етнички групи”, велат од таму.
Како што велат од таму, биле огорчени од преквалификувањето на делото со кое им следува поголема казна на обвинетите.
