Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејствата на Калина и Александар бараат одговорност за трагедијата

Семејствата на Калина и Александар бараат одговорност за трагедијата

Истрагата за трагичната смрт на македонските планинари на грчката страна на Кајмакчалан и натаму без конкретни одговори и заклучоци, а одговорност се уште никој нема преземено. 

Затоа семејствата на загинатите планинари, Калина Велевска и Александар  Миновски  уште еднаш преку отворено писмо бараат одговорност за трагедијата од планинарската федерација, со цел за спречување на вакви трагедии во иднина.

„Согласно праксата на судот во Стразбур, истрагата во овие случаи  треба да биде  брза,  транспарентна и енергична, а фамилиите на покојните,  треба да бидат вклучени од првиот момент и  да бидат известени за секое преземено дејствие и акт, заради заштита на нивните легитимни интереси  и без тоа изречно да го бараат“, велат семејствата во писмото.

Оттаму велат дека родителите се загрижени за безбедноста на своите деца,  кои одат на планинарски тури со бројните планинарски друштва,  за физичката и психичката спремност на водичите,  а особено бараат целосна одговорност на Планинарската федерација, со цел за спречување на вакви трагедии во иднина.


Слично

Поврзани вести