Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејствата на Беља и Демири заедно со „шверцери“ побараа помали казни за смртта на Саздовски

Семејствата на Беља и Демири заедно со „шверцери“ побараа помали казни за смртта на Саздовски

Членовите на семејството на Бесир Бeља и Скендер Демири од паркот Чаир до Апелациониот суд со транспаренти во рацете и заедно со навивачката група „шверцери“ протестираа за правда. 

Роднините бараат делото на двајцата осудени за смртта на Никола Саздовски да се преквалификува од брутално убиство во предизвикување насилна смрт.

Според нив, одлуките во судството се со двојни аршини и се донесуваат по етничка основа. Бесир Бела и Скендер Демири беа осудени на 16 години затвор за случајот „Саздовски“. 

Никола Саздовски почина во болница од повредите добиени од физичкиот напад во скопска Автокоманда, 2 недели откако мина во кома.


Слично

Поврзани вести