СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО КАВАДАРЦИ: Со нож се заканувал на сопругата, а во нејзиниот автомобил поставил ГПС локатор
Во ОВР – Кавадарци е извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, дека во семејниот дом, физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор.
Локаторот e одземен, а на М.Б. му e изречена мерка – забрана за приближување.
Случајот е предаден на понатамошна постапка.
Слично
