СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО БИТОЛА: Внука ги избодела баба си и дедо си
Во Битола внука се обидела да ги убие своите баба и дедо, на кои им нанела убодни рани.
„По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата „Солунска", каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот“, велат од Обвинителството.
Осомничената е уапсена и се постапува за обезбедување докази.
Слично
