„СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ТРЕБА ДА СЕ КАЗНУВА ПОВЕЌЕ, НЕ ПОМАЛЦЕ“: Апасиев по трагедијата во Тафталиџе 'напикани неспособни нестручни штабци'
Трагичниот наста во кој загинаа млада мајка и нејзината шест годишна ќерка и кој ја потресе јавноста, и повторно на површина ги извади системските пропусти, во ситуации кога жената е жртва на семејно насилство, предизвика бура од реакции на социјалните мрежи.
Поради информациите дека мајката пријавувала насилство, но за жал институциите не ја заштија, лидерот на опозициската Левица, Димитар Апасиев предлага семејносто насилство да се казнува построго, но и итна замена на сите вработени во Центрите за социјална работа.
- Како што дрска кражба се казнува повеќе, а не помалце од обична; како што убиство со умисла се казнува повеќе, а не помалце од убиство на миг; така и СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО треба да се казнува повеќе, а не помалце од обично насилство - оти една од основните функции на семејството е заштитната! А каква "заштита" имаш ако дома маж ти те тепа секој ден?
p.s. Под итно ни е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа, кои се напикани со неспособни и нестручни партиски штабци! Под итно!!! - напиша Апасиев на Фејсбук.
Револтот во јавноста особено се зголеми по објавата на братот на загинатите мајка и ќерка, Александар Стојановски, кој укажа дека неговата сестра е жртва на нефункционален систем.
Но, дека имало недостаток од реакции на надлежните институции сведоци и уште една објава на Фејсбук.
- Почивајте во мир , Ивана и Кате
150 стана не успеавме да те сочуваме од монструмот кој секојдневно те малтретираше и тепаше
Сите сме виновни во оваа приказна и ние и сите Институциите исто така !
Слично
