Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејна тепачка во штипско Таринци - има повредени

Семејна тепачка во штипско Таринци - има повредени

Семејна тепачка вчера околу 19.30 часот се случила во штипското село  Таринци. 

С.А. (46) седела во својот дом со својата ќерка М.И., синот Д.А. и свекрвата М.А.

Во дворот дошле нејзиниот зет  А.И. и  брат му М.И., двајцата од штипското село Радање. Тие биле под дејство на алкохол, и веднаш физички го нападнале Д.А. удирајќи го со неколку тупаници во пределот на телото и главата. Подоцна ја нападнале М.А., удирајки ја во пределот на главата, како и С.А.,  која била удрена со една тупаница во пределот на слепоочницата по што паднала на бетонот во дворот. Останатите лица кои дошле со А.И. и М.И. ги бранеле за да не се тепаат. 

Д.А.и М.А. се здобиле со телесни повреди, а С.А. се здобила со тешка телесна повреда.

Нив им е  укажана лекарска помош во Клиничка Болница Штип. СВР Штип презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести