Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејна фото идила: Заев на граѓаните им честита Нова Година

Семејна фото идила: Заев на граѓаните им честита Нова Година

Сопругата, ќерката, синот, па дури и преубавиот домашен миленик, кучето, се најдоа на семејните новогодишни фотографии кои премиерот во заминување Зоран Заев ги сподели на својот фејсбук профил, и со кои на граѓаните им ги честита новогодишните празници.

„Празниците носат посебни чувства на радост, топлина и убавина во секој дом. Да ги искористиме за да се видиме со најблиските, да си раскажеме и заеднички да се подготвиме за новите предизвици. Имајте убави последни денови од 2019 година и дочекајте ја Новата 2020 со љубов и ентузијазам“, порача премиерот Заев.

А премиерот Заев веќе за медиумите изјави дека за празниците заминува за Германија, каде што ќе биде гостин кај негов другар, каде ќе остане три дена.

Слично

Поврзани вести