Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семеен пријател наместо да го чува го нападнал девојчето во Делчево

Семеен пријател наместо да го чува го нападнал девојчето во Делчево

Нов случај на можна педофилија е пријавен во Делчево, откако родителите на малолетно девојче пријавиле дека нивен семеен пријател блудничел врз нејзе додека тие не биле дома.

Децата на возраст од 12 и 14 години биле дома со нивниот дедо, кога дошол семејниот пријател. Околу 22.30 часот, синот им кажал на родителите кои во меѓувреме се вратиле, дека, пријателот ја допирал сестра му по телото во дневната соба и и рекол да не кажува никому. Ова му го кажало девојчето на брата си.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. Лицето е повикано и задржано во полиција. Против него ќе биде поднесена кривична пријава и во текот на денот ќе биде изнесен пред судот во Кочани.


Слично

Поврзани вести