Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семафорот на опасниот пешачки во Ново Лисиче никако да светне црвено

Семафорот на опасниот пешачки во Ново Лисиче никако да светне црвено

Семафорот каде загина 61 годишна жена во Ново Лисиче пред скоро две недели беше приклучен со струја и од тогаш не престанува да светка жолто.

Минувачите и жителите од населбата на булеварот „Србија“ отакако почнал да светка жолто не виделе воопшто семафорот да светне црвено или зелено па велат дека бадијала е поставен кога не ја врши функцијата што треба да ја врши.

Семафорот беше поставен по скоро осум месеци на несреќниот случај а од град Скопје кога ги контактираше Фактор рекоа дека се чека на Евн и приклучокот на струја.

Сега струја има ама семафорот не работи, па се прашуваме дали чекаме уште осум месеци за да почне да свети и во црвено и зелено?

Слично

Поврзани вести