Селото Лојане е заштитено од огнената стихија
Пожарот над селото Лојане е локализиран, а селото е целосно заштитено.
Пожарот кој зафати дел од пределот над селото Лојане, Општина Липково, е во голема мера локализиран и изгаснат. Интензитетот на горењето во боровата шума е значително намален, а селото е целосно заштитено од огнената стихија.
Во акцијата беа ангажирани хеликоптер Бел 412 на МВР, две екипи на ТППЕ Куманово со противпожарни возила, како и екипи на Национални шуми – Подружница Куманово со специјализирана механизација за гаснење шумски пожари.
Слично
