Економија, финансии, бизнис

Контакт

Село во кое сите работат, 500 куќи и сите имаат приходи

Село во кое сите работат, 500 куќи и сите имаат приходи

Сремско село во близина на Рума е пример дека секој може да работи и добро да заработи. 

Работат 2.890 хектари земја, има 500 домаќинства и во секоја куќа има барем по еден вработен. 

Тие се наоѓаат на 8 км од градот и не се жалат на животот во село. 

Во селото ќе се отвори погон за преработка на зеленчук догодина и тука уште 200 луѓе ќе најдат работа. Со тоа ќе се подобри животот и стандардот на мештаните. 

Во селото нема ни педа земја која не е обработена, а одгледуваат бостан, краставици, домати. 

„Ние имаме купувачи, тоа се долгогодишни купувачи кои знаат да препознаат квалитет. Кога купувачот ќе дојде дома и ќе купи, тоа е поисплатливо отколку да се носи на пазар“ - вели Ѓорѓе Томиќ, жител на селото. 

Мештаните раскажуваат дека не е точно дека не може да се најде рбаота, може да се работи во градот или на село и добро да се живее. 




Слично

Поврзани вести