Селмани: Изјавата на Ахмети може да ги одврати Македонците да го поддржат референдумот
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија објави статус на својот Фејсбук профил на кој го „нападна“ претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
„Али Ахмети ја започна кампањата против референдумот за името. Изјавил дека нема сила што ќе го попречи договорот со Грција.
Ова неоодговорна изјава на Ахмети може да ги одврати Македонците да го поддржат референдумот. Со тоа Ахмети се оглушува на сугестиите на еден важен западен дипломат во Скопје, ДУИ за затне муцка затоа што со нивните несмасни изјави може да ги иритираат уште повеќе противниците на договорот во македонскиот камп.
Разбирам зошто Ахмети го минира референдумот затоа што е свесен дека ако тој успее, Македонија влегува во НАТО и запознува преговори за членство со ЕУ.
Деморатизацијата и европеизацијата на Македонија го ограничува маневарскиот простор на изманици политичари произлезени од марксистички и ленинистилчки идеолошки кружоци во нивните напори да преживеат политички продавајќи магла на Албанците.“
