Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕЛМАНИ: Грција мора да сфати дека не може да гази врз нашиот идентитет

СЕЛМАНИ: Грција мора да сфати дека не може да гази врз нашиот идентитет

Добропознатиот поранешен министер за здравство како и претседателски кандидат, Имер Селмани во гостување на телевизија 24 кажа дека компромисот за името нема да биде лесен и дека Грција мора да сфати дека не може да гази врз нашиот идентитет.

-Секоја измината Влада давала свој допринос и напор спорот со името да се реши, не заради Грција, туку заради нас. За да станаме членка на НАТО и ЕУ патот е трнлив. Дали некој од нас од државата е среќен за било каков компорис, не. Ама сите сме свесни дека тоа многу ќе ни донесе. Сигурно тој компромис нема да биде лесен, но мора да биде достоинствен, кажа тој.

Јасно и децидно постави граници.

Грција мора да сфати дека не може да гази врз нашиот идентитет како Македонија и посебно како Македонци, додаде Селмани.


Слично

Поврзани вести