Селмани: Би било добро албанските партии да формираат силна влада со СДСМ
Имер Селмани смета дека албанските партии треба да избегнуваат несогласувања за детали и заедно со СДСМ да формираат силна Влада во однос на опозицијата, која исто така ќе биде силна.
„Би било многу добро доколку до крајот на наредната седмица имаме предлог во Собранието за формирање на Влада и пред крајот на месецот, министрите да седнат на своите места и да ги земаат во свои раце работите и да ги видиме првите резултати од новата власт. Најкорисно за граѓаните на Р.М. и за Албанците посебно, е трите партии на Албанците да бидат дел од идната Влада. Би имале добро мнозинство од 67 пратеници, бидејќи само со 62 пратеника нема да биде доволно, зашто ќе имаат силна опозиција со голема број на пратеници, односно ВМРО –ДПМНЕ со 51 пратеник. Треба да се има во предвид дека ќе има голема битка во Собранието“, оценува Селмани“ во изјава за АлсатМ.
