Економија, финансии, бизнис

Контакт

Селмани алармира за загрозена безбедност на новинарите, го обвинува и Груевски

Селмани алармира за загрозена безбедност на новинарите, го обвинува и Груевски

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани денеска го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека е одговорен за нападот на новинарите што вчера се случи на протестот на иницијативата за заедничка Македонија.

„Најодговорно тврдам и се сомневаме дека зад овие напади стои лично Никола Груевски. Знаете зошто се сомневам во тоа? Затоа што во изминатите 6 години, тој човек не направи ништо да ги спречи овие напади. Во време на неговото владеење беа затворени двајца новинари. Во време на Никола Груевски беше затворена најгледаната телевизија, А1 тв, имаше 40 напади, отворено дискретирираат новинари“ - изјави Селмани. 

Тој денеска имаше средба со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кого го алармираше дека е загрозена безбедноста на новинарите и побара полицијата да ги заштити од насилници, затоа што ако сега МВР и другите институции сериозно не реагираат може да има посериозни последици по животот на новинарите.

Слично

Поврзани вести