„СЕЛЕКТИВНАТА ПРАВДА НЕ Е ПРАВДА, НЕЛИ 'МАЛИ ФРЧКО?'“Петрушевски вели оставката не го ослободува од кривична одговорност
Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ со реакција на оставката на Јон Фрчкоски.
„А не, оставката е бегство!
Селективната правда не е правда, нели “мали Фрчко”?
Јон Фрчкоски јавно призна дека користел наркотици, но оставката не го ослободува од кривична одговорност. Со оглед на неговите прес-конференции против селективната правда, очекувам веднаш да се пријави во полициска станица и да ги открие сите релевантни информации: кој го вовел во овој скап порок, кој го снабдувал со кокаин, и кој друг од неговото опкружување е исто така наркоман…
Како што самиот рече: „Селективната правда не е правда“ – време е да побара одговорност и за себе, без разлика што е син на поранешен министер од времето на криминалната транзиција. Законите мора да важат за сите!“, напиша тој на социјалните мрежи.
Слично
