Села: Заев треба да покаже дека е различен од Груевски, згреши што му даде поддршка на ДУИ за локалните
Заев двапати досега му згрешил на лидерот на Зијадин Села. Привиот пат кога му упати порака на кандидатот за градоначалник на Гостивар Арбен Таравари да се повлече од кандидатурата и да се врати на министерската позиција во здравството.
А втор пат кога му дал поддршка на ДУИ за Струга каде копјата за локалните избори ги кршат партијата на Ахмети и Села.
„Одлука на партиските тела е Таравари дали ќе се кандидира за градоначалник, а Заев нема што да се меша во овие партиски одлуки, впрочем Тарвари е поставен на оваа позиција по негова волја и со поддршка на партиските тела и не зависи од Заев дали ќе се врати тој како министер, туку гласачите ќе си кажат на изборите во недела, вели Села.
„Јас сум од оние лидери кои се жртвуваат за членството, одлуката на Таравари беше негова лична за кандидатурата во Гостивар“, рече лидерот на Aлијансата за Албанците Зијадин Села.
Тој пред јавноста во емисијата на Телма Тв вечерва рече дека премиерот Заев сега ќе бил во затвор доколку Зијадин Села не прифатил коалицијата во Владата и не му дал поддршка на Заев.
„Знам да бидам коректен и да се држам до зборот. Многу ми е смешно, повеќе трагично, Заев излегува во Гостивар и вели дека со крената глава и со неколку лузни им бара поддршка. Не знам дали е свесен дека Села има лузни во мозокот, уште пострашно од неговите на лицето. Како политичар неговото однесување е океј, ама не како човек, одговори Села запрашан во односот на поддршката ДУИ ја добива од владеачката СДСМ на локалните избори.
Заев треба да покаже дека е различен Груевски и од другите, треба да се фокусира на реформите а не на изборите, рече Села а тука го посочи и на решавањето на спорот со името и процесот за евроинтеграциите.
