Села за повредите и лечењето бара половина милион евра од напаѓачите
Крвавиот настан од 27 април го натера Зијадин Села да побара отштета во износ од 500 илјади евра од неговите напаѓачи кои се осомничени од Јавното обвнителство.
На денешното рочиште во Основниот суд со ваков став излезе неговиот адвокат Абедин Абдули. Тој побара отштета во износ од 30 милиони денари опфаќајки ги трошоците за лекување, претрпената физичка болка, претрпениот страв како и повредата на личниот идентитет.
Села за време на нападот на Собранието на Крвавиот четврток беше најтешко повреден и неговиот живот беше доведен во опасност.
Слично
