Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села со порака до Заев додека беше на средба со Мицкоски

Села со порака до Заев додека беше на средба со Мицкоски

Додека во владата синоќа се одржуваше состанок помеѓу премиерот Зоран Заев и водачот на опозицијата, Христијан Мицкоски, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села реагираше на својот Фејсбук профил, пишувајќи за неправдата кон другите партии, особено кон албанските.

"Кога се потребни гласови на Албанците, средба со сите лидери на политичките партии. Кога станува збор за државата, состанок само со партнер за државата - Мицкоски. Затоа, НЕ заедничко општество за сите, туку држава за сите ", пишува Села.

Синоќа на состанокот на лидерите се дискутираше за прашањето за претседателските избори, како и судбината на Специјалното обвинителство. Заев вчера рече дека состанокот не е формат во кој треба да бидат вклучени повеќе партиски лидери, бидејќи е важно да се зборува, како што рече тој, само со шефот на опозицијата.


Слично

Поврзани вести