Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села се сретна со Хан и побара целосно прифаќање на албанските барања

Села се сретна со Хан и побара целосно прифаќање на албанските барања

Зијадин Села, претседателот на ДПА-ДР и претставник на Алијансата на Албанците беше втор на ред за средба со Јоханес Хан од европската комисија. 

По разговорите посочи дека Алијансата е подготвена да ги даде своите потписи од пратениците за Заев да го добие мандатот од Иванов и да се откочи процесот на формирање на нова влада, но за учество во неа мора да се прифатат барањата на Албанците кои веќе нема да трпат омаловажувања. 

- Никој нема да направи Влада без да ја прифати платформата на Албанците и без закон за СЈО, рече Зијадин Села од Алијансата на албанците. Села исто така побара поддршка за албанскиот да биде официјален јазик и СЈО да биде уставна категорија.

Инаку Села е против нови избори кои би донеле нови компликации, а за еврокомесарот Хан посочи дека ја продолжува политиката на ЕУ која очекува забрзани евроинтеграции со стабилна влада. 

Слично

Поврзани вести