Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села распали по Џафери и Владата, и побара избори

Села распали по Џафери и Владата, и побара избори

Лидерот на Алијансата за Албанците  е гневен на собранискиот спикер Талат Џафери. 

Зијадин Села денеска побара распишување на вонредни парламентарни избори бидејќи како што вели вчера се случил удар на правната држава. 

Села го обвини Џафери дека е добар актер и потенцираше дека спикерот не заслужува да биде на чело на Парламентот додека пак потенцираше и дека „ДУИ е врската помеѓу новиот и сариот режим, бидејќи многу се инволвирани во корупција и криминал и затоа го штитат Вељановски“.

„Синоќа се виде дека Џафери е добар актер и не заслужува да биде претседател на Собранието на република Северна Македонија. Ниту Владата нема мореален кредибилите да владе бидејќи го погазија ветувањето за правна држава. Вчера се случи удар на правната држава. Ова мнозинство многу лесно се договара за амнестирање на криминалот и корупцијата, а доказ за тоа е Законот за амнестија. Џафери ако има трошка морал правото треба да им го дадат на граѓаните и  веднаш да се распишат вонредни парламентарни избори“,  изјави Села .

Лидерот на Алијансата за Албанците вели дека е повеќе од јасно е дека ДУИ сака да го заштити Трајко Вељановски. 

Слично

Поврзани вести