Села побара специјален суд на средбата со Заев
Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, по состанокот со премиерот Зоран Заев го покрена прашањето дали Специјалното обвинителство ја извршило својата задача. Според него, предложениот закон за Јавното обвинителство не му дава целосна автономија на Специјалното обвинителство, а тој побара и формирање на специјален суд кој ќе работи на новите обвиненија.
"Прашањето е погрешно објавено во јавноста дека ова е Закон за специјално обвинителство, ова е навистина закон кој на некој начин ја презема автономијата на Специјалното обвинителство. Ние како Сојуз на Албанците сме за продолжување на работата на Специјалното обвинителство до бесконечност. Потоа, ние исто така сакаме да се формира Специјален суд кој ќе се занимава со отворените случаи од Специјалното обвинителство“ рече Села во Собранието.
Порачла дека СЈО во иднина треба да ги зема во предвид сите материјални докази и да ги спроведе до крај сите отворени судски постапки во иднина, без ограничувања.
Села потврди дека неговата партија доставила амандмани за законот за јавното обвинителство кој треба да биде изгласан со двотретинско мнозинство.
