Села по лидерската: За жал денеска не успеавме да се усогласиме
За жал денеска не успеавме да се усогласиме, изјави Зијадин Села од Алијансата на Албанците, по лидерската средба кај шефот на државата, Стево Пендаровски.
Тој вели дека се зборувало за тоа дали избори треба да има во јуни или во септември.
За 22 дена по завршување на вонредната состојба, ДИК не може да организира избори, кажа Села.
Ваквиот став го делеле и од ВМРО-ДПМНЕ.
Села рече дека сите партии треба да прифатат на учествуваат на избори.
Минатата недела имаше лидерска, но договор за избори немаше.
Слично
