Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села одговори до кога ќе бидат во Владата

Села одговори до кога ќе бидат во Владата

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска изјави дека е избран за пратеник и дека местото му е во Собранието. 

Тој рече дека ќе биде дел од Владата додека не се изгласа Законот за јазиците и дека денес гласале „за“ дневниот ред поради Законот за јазици и Законот за амнестија.

„Се надевам денес да се изгласа тој закон и од тој момент ќе престанеме да бидеме дел од Владата“- вели Села. 

За него оваа Влада веќе не е реформска, туку машина за перење на гревовите на корумпираните политичари.

Села го обвини премиерот Зоран Заев дека лаже кога рекол дека се работи само за пополнување на испразнетите места.

Претходно партијата на Села изјави дека не се откажува од Министерството за здравство, но нивниот предлог за ова место не беше прифатен. Села тогаш изјави дека Заев треба да измисли позиција заменик министер за носење на бурек и дека таа функција ќе ја отстапи тој на ДУИ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети пак рече дека Села го разочарал. 

Слично

Поврзани вести