Села обвинува за бизнис на ДУИ во село Синичане
Заради тоа што некој сакал да направи бизнис со
хидроцентрала, каде што граѓаните
сакаат да имаат вода за пиење, нема да дозволиме некој да се одмазди на градоначалникот на
Боговиње и на граѓаните на Синичане, истакна денеска на
прес-конференција лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.
Вели дека државата станува полициска и според него е скандалозно обвинителот да даде наредба на полицијата за да дозволи граѓаните во Боговиње да работат и да обезбедат вода за пиење, а тие и ден денеска по наредба на Агим Нухиу, министерот за внатрешните работи, уште седат таму, иако жителите на Синичане цела ноќ престојувале таму за да го бранат нивното право, доделено и од правосудството.
-Ова треба да биде аларм за сите граѓани, за сите институци кој што се уште веруваат во демократијата за да се спречат вакви тенденции и појави на полициска држава. Го повикувам меѓународниот фактор да направи се за почитување на законите во оваа држава. Нормално дека од страна на градоначалникот не им е дадена дозвола за вода за пиење, потенцираше Села, кој истовремено додаде дека зад сето ова се крие и бизнис заедницата на функционерите на ДУИ.
-Наместо да работат, бидејќи имаат земено мандат за обезбедување минимални услови за живење во целиот полошки регион, тие се занимават со вакви работи, рече Села.
