Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села: Нов закон за јазиците во првите сто дена или излегуваме од коалиција

Села: Нов закон за јазиците во првите сто дена или излегуваме од коалиција

Зијадин Села од Алијансата на Албанците порача дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти владината коалиција.

Села дообјаснува дека тоа би била последна мерка за која се надева дека ќе нема потреба да се преземе.

Според него, не е неопходно тоа што нацртот прво да оди на мислење во Венецијанската комисија.

Села од коалицијата која ја претставува во Собранието има вкупно тројца пратеници кои се клучни за формирање на парламентарно мнозинство и без нив СДСМ и ДУИ нема да можат да носат одлуки.

Слично

Поврзани вести