Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села: Не сме излезени од кризата, за жал таа зема повеќе замав

Села: Не сме излезени од кризата, за жал таа зема повеќе замав

Зијадин Селa од Алијансата за Албанците денеска по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан и тројцата пратеници Кукан, Вајгл и Флекенштајн изјави дека нема ништо ново и дека државата  уште е во политичка кризa. 

Според него, насоката која Хан им ја дава на лидерите е избор на претседател на Собрание, давање на мандатот на мнозинството од 67 пратеници и формирање на Влада која ќе работи на реформи.

„Не сме излезени од кризата. За жал таа зема повеќе замав. Единствена можност да се излезе од кризата е институционалниот пат. На ова општество му треба дебата. Сите тие кои што се против оваа форма не се ништо друго освен анархисти кои го ризикуваат спокојството на граѓаните“ - изјави Села. 

За Иванов вели дека тој нема право на лично мислење туку како претседател треба да го спроведува Уставот.

Села вели дека тој што го креира хаосот и го контролира и ако Хан зборува за санкции, ќе зборува со овие лица. 

Хан сега е на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а претходно се сретна со Билал Касами од БЕСА.

Слично

Поврзани вести