Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села: На 27 април во Собранието се случи политички атентат врз Албанците

Села: На 27 април во Собранието се случи политички атентат врз Албанците

Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во денешното обраќање пред јавноста после крвавиот четврток на 27 април изрази благодарност за сите кои што сочуствувале заедно со пратениците во тој момент на насилство, а истовремено им се извини на граѓаните кои сакале да се сретнат после инцидентот со него но дека тоа не било можно.

Села во врска со она што го одбележа 27 април рече дека тие како политички субјект се што направиле, е тоа што потребите на Албанците во Македонија ги преточиле во политички барања.

„На 27 април се изврши атентат врз потребите на Албанците, не лично врз мене. Со тој атентат донекаде успеаа да не убијат, но ние пак се реинкарниравме и се вративме во политичката сцена тука во Македонија. Ние ќе продолжиме пак барањата и потребите на Албанците да ги преточиме во политички барања и ќе продолжиме заедно со сите политички субјекти во овој наш пат и ќе се вратиме уште посилни во политиката“, рече Села.

Села одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој од почетокот бил за ново владдење, кое ќе биде во интерес на граѓаните , праведно и кое нема да ги дели граѓаните врз етничка и политичка основа и кое ќе ја врати надежта во Македонија дека може поинаку и подобро.

Таравари пак одговори дека информациите кои се појавија во јавноста дека би бил министер за здравство се шпекулации, и дека тематските прашања за нив биле поважни отколку кој ќе биде министер.

Слично

Поврзани вести