Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села му ја откажа средбата на Заев

Села му ја откажа средбата на Заев


Зијадин Села, лидерот на Алијансата на Албанците, ја откажа најавената средба со премиерот Зоран Заев на која требаше да се разговара околу можноста за консензуален кандидат за претседател на Македонија.

Ваквата одлука на Села доаѓа откако неговиот сопартиец Арбен Таравари како градоначапник на Гостивар му испрати писмо на Заев во кое побара од претседателот на СДСМ да не потклекнува на притисоците на ДУи и да не му се одземаат ингеренциите за именување и разрешување на директори во градските училишта.

Од СДСМ потврдија дека денеска нема да се одржи средбата Заев-Села, а за утре најавија дека премиерот ќе се сретне со лидерот на Беса , Билал Касами. Претходно Заев се сретна со лидерите на ДУИ, ДПА и „Алтернатива“ - Али Ахмети, Мендуих Тачи и Африм Гаши.

Села синоќа во телевизиско инетрвју за вториот канал на МРТ рече дека Алијансата на Албанците на партиски состанок ќе одлучи дали ќе ја прифати идејата за консензуален претседател, но и го искритикува владеењето на коалиционите партнери на СДСМ и ДУИ како режим кој акумулира концентрација на моќ како во времето на Никола Груевски.

Ваквата одлука за „Независен“ ја потврди и градоначалникот Таравари, кој смета дека политиката на власта против него е да ги задржи раководните места на ДУИ.
„Оди на средба со премиерот Заев, зборувај конструктивно во однос на евроатлантските политики за што секогаш сме се залагале и сѐ е в ред. Излези од средбата и оп намален буџетот на Општината. За одобрување на програмата за вработување и да не говорам.  Одлучивме да не одиме веќе на средби поради некоректниот однос.  Се говори за „општество за сите“ ама очигледно без Гостивар. Нека стокмат посебен закон директно од Владата кој ќе се однесува само на овој град и така нека ја решат работата“, вели Таравари, 

Слично

Поврзани вести