Села ќе замине на дополнителни анализи во странство
Секретарот на партијата Алијанса за Албанците Арбен Таравари, објави дека лидерот на партијата, Зијадин Села треба да отпатува надвор од Македонија на дополнителни анализи и најверојатно ќе остане таму одреден период се до негово конечно закрепнување.
Таравари на Фејсбук пишува дека состојбата на Села е стабилна, но сепак потребни се уште некои дополнителни анализи околу неговата здравствена состојба и мали интервенции до целосно опоравување и враќање на политичката сцена.
Села по упадот во Собранието од 27 април каде беше претепан помина една седмица во болница. Тој беше најтешко повреден во нередите во Собранието.
Слично
