Села ја поддржа евентуалната амнестија на затворениците
Алијансата за Албанците на Зијадин Села како политички субјект им дава полна поддршка за амнестија и намалување на казните на затворениците во Идризово кои најавија протест со гладување поради тоа што се подготвува ослободување од кривични дела на оние кои упаднаа во Собранието на 27 април. Од Алијансата велат дека оваа одлука е логична и очекувана.
Како што напиша Алијансата за Албанците, ако им се даде амнестија на, како што ги нарекува, "хулиганите" за кои постојат неоспорливи докази, тогаш тие што се во затвор без никакви докази веднаш треба да бидат пуштени на слобода.
"Ние предупредивме дека ваков развој на настаните ќе следува ако се амнестираат насилниците од 27. априла минатата година. Досега многу пати објаснувавме дека ослободување од кривична одговорност за хулиганите и подбуцнувачите ќе представува опасан преседан за кој некој ќе треба да ги сноси последиците, како во однос на евро-интергациите, така и во смисла на внатрешната безбедност на земјата ", стои во партиската реакција.
