Села и приватно ќе ги тужи напаѓачите кои го тепаа во Собрание
Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во изјава за „Макфакс“ вели дека ја следи истрагата која ја води Основното јавно обвинителство и дека чека да види каков ќе биде исходот од неа.
Села вели дека веднаш штом истата заврши, тој ќе почне со поднесување на приватни тужби, но не одговори кон кого конкретно.
„ОЈО сè уште истражува, веднаш штом тие завршат, јас ќе поднесам и приватни тужби“- вели Зијадин Села.
На прашањето дали тие тужби ќе бидат и за лицата кои ги отвориле вратите, тој не одговори конкретно, но не ја исклучи можноста за тоа.
Слично
