Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села и натаму под надзор во тетовската болница

Села и натаму под надзор во тетовската болница

Зијадин Села, пратеникот кој најтешко беше повреден во текот на нападот во Собранието на Република Македонија, и натаму е под надзор на лекарскиот конзорциум во тетовската болница, но неговата состојба е стабилна и се подобрува.

Раководителот на одделот Дестан Халити за Алсат М појасни дека здравствената состојба на Села се подобрува, но мора да остане под лекарски надзор.

„Здравствената состојба е стабилна и понатаму се подобри секој ден од добро кон подобро. Ние како медицински конзорциум донесовме одлука г-дин Зијад Села да остане уште неколку дена во болницата бидејќи тука го прегледуваме секој ден, заради анализите што треба да ги направиме. Но, врз основа на повредите, понекогаш овие повреди знаат да се комплицираат, така што уште неколку дена ќе остане во клиничкиот центар во Тетово.“ – изјави лекарот Дестан Халити.


Слично

Поврзани вести