СЕЛА И МИЦКОСКИ ВО КОАЛИЦИЈА - Таравари најавува нови партиски комбинаторики пред локалните избори
Алијанса за Албанците и Алтернатива на ја исклучуваат можноста во пресрет на локалните избори да влезат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Генералниот секретар на Алијанса, Арбен Таравари за Сител изјави дека размислуваат за таква опција, но дека одлуката треба да ја донесат партиските тела. Таравари вели и дека премиерот Зоран Заев сам ќе бара предвремени избори затоа што има слабо парламентарно мнозинство.
„Значи сега за сега Алијанса на Албанците заедно со Алтернатива немаат дефинитивен став, но постојат шанси и веќе разгледуваме во партиските органи за евентуално коалицирање пред локалните избори со повеќе партии, ромски партии, турски партии, но и со македонска партија. Немаме официјални разговори со некоја партија, но ако одиме со некоја инерција како што функционира Владата тоа е можно. На претходните локални избори СДСМ и ДУИ излегоа први со коалиција и така и ние ќе направиме на овие избори. Секако тоа ќе биде транспарентно, рече Таравари за Сител.
На прашањето за предвремени парламентарни избори Таравари вели дека Заев сам ќе побара избори.
„Ќе видиме, ќе се знае наскоро, ама Заев има скромно мнозинство кое е нефункционално и ние често заради конструктивност правиме кворум на седници и помагаме за да тече работата. Инаку има големо незадоволство во партиите кои се во владината коалиција особено кај малцинските . Тие покажуваат огромно незадоволство, вели Таравари.
Инаку собраниското мнозинство има 62 пратеници - опозициските Алијанса за Албанците имаат осум пратеници, а Алтернатива кои се во коалиција имаат четири пратеници. ВМРО ДПМНЕ има 44 пратеници, а Левица двајца.
