Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села го оспори законот за „Безбеден град“ пред Уставен

Села го оспори законот за „Безбеден град“ пред Уставен

Зијадин Села од Алијанса за Албанците го оспори „Безбеден град“ на Уставен суд. 

Тој укажа дека Законот за прекршоци не предвидува пораките кои „Безбеден град“ ги испраќа до граѓаните за сторен прекршок да се двојазични, со што, како што вели, се прекршува Законот за употреба на јазиците. Забележа дека е несериозно казните да пристигнуваат преку порака, бидејќи не постои законска обврска граѓаните да има мобилен телефон или електронска пошта.

„Со овој закон се удира врз целото население, врз сите граѓани и никако не е дозволено да помине по брза постапка. Прашањето што може да се постави е зошто за проектот кој веќе со месеци се промовира од страна на Владата, иницијативата се прави од пратеници во Собранието. Еве едно јавно прашање – што сака да скрие Владата? Зошто самите не излегоа со оваа иницијатива“, изјави Села за новинарите.

На 1 февруари ќе почне казнувањето за сообраќајни прекршоци.

фото Фејсбук/Зијадин Села

Слично

Поврзани вести