Села ги одреди замениците во три значајни министерства
Според најновите информации Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села одлучи да ги именува своите кандидати за заменици министри во новата Влада на премиерот Зоран Заев.
Станува збор за Арта Tочи предложен за заменик министер за надворешни работи, Мехмет Ремзи за транспорт и врски и Елми Азири за труд и социјална политика.
Се очекува поддршка од страна на сите коалициони партнери. Исто така и ДУИ треба да предложи кандидати за заменички позиции во четири владини министерства, па следува финиширање на преговорите за поделба на ресорите.
Слично
