Села: ДУИ од скриен штаб купуваше гласови во Струга
Зијадин Села, предводникот на Алијанса за Албанците, по завршувањето на вториот изборен круг на локалните избори, обвини дека во Струга политичкиот противник ДУИ имал скриен штаб од каде се пренасочувале средства за поткуп на гласачи. .
Тој истакна дека изборите поминале со сериозни нерегуларности, уцени и купувања на гласови кои, според него, се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови.
– Да ги повикам правната држава, полицијата, да бидат поактивним, а не да дозволат да се уценуваат граѓаните и да се купува нивниот глас. Веќе имаме пријавено кај едно место кај Тинекс кај Ристо Крле како ДУИ има скриен штаб. Се носат граѓани со кола и таму и ги купуваат нивните гласови – изјави Села.
Зијадин Села е кандидат за општина Струга каде се соочи со Рамиз Мерко од ДУИ. Наскоро ќе се знае кој е победник дали коалицијата меѓу БЕСА и Алијансата која застана зад Села или ДУИ и СДСМ кои застанаа зад Мерко.
Слично
